Во соопштението на ЕМА се вели дека ќе ги анализираат резултатите на две клинички студии кои се во тек кои ги испитуваат безбедноста и ефикасноста на тој лек кај пациенти хоспитализирани со ковид-19, пренесува Ројтерс.
Лекот „клинерет“ одобрен е за лекување на низа воспалителни состојби, а го произвел шведскиот произведувач на лекови за ретки болести „Соби“.
Лекот ја намалува активноста на имунолошкиот систем, а неговата активна супстанција ја блокира активноста на хемискиот преносител во имунолошкиот процес кој доведува до воспаление.
Се смета дека лекот би можел да помогне во намалување на воспаленијата и оштетувањата на ткивата поврзани со ковид-19, соопшти ЕМА, додавајќи дека резултатите од анализата се очекуваат во октомври.