Судот во Букурешт нареди ослободување од домашен притвор на контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт, кој го чека судењето по обвинение за трговија со луѓе, пишува Гардијан.
Судот го стави под судска контрола, поблага рестриктивна мерка, врз основа на која може да се движи низ Букурешт и околината на областа во која живее.
Апелацискиот суд во Букурешт во својата писмена пресуда наведе дека „мерката куќен притвор ја заменува со судска контрола“ во времетраење од 60 дена од 4 август до 2 октомври“.
Да потсетиме дека Тејт беше обвинет во јуни заедно со неговиот брат Тристан и две Романки осомничени за трговија со луѓе, силување и формирање криминална група за сексуална експлоатација на жени.