Ракометната репрезентацијата на Македонија загуби од Словенија со 27:25 (13:10) во првиот натпревар на Европското првенство што се одржува во Унгарија и Словачка.
Најдобрите моменти на повој натпревар, нашите ракометари ги имаа на почетокот кога имаа водство од 3:0 и од 4:1, но Словенците со серија од шест гола ја презедоа контролата на случувањата на паркетот.
Најефикасен во нашите редови беше Ц. Кузмановски со осум голови, а одличен беше и голамнот Томовски со 14 одбрани.
Кај Словенија, петмина ракометари постигнаа барем по три голови, а најефикасен беше Доленец со пет.
Следниот натпревар го играме против Црна Гора в сабота.