40 починати за една недела од колера во Дарфур

Во западносуданскиот регион Дарфур, каде веќе три години трае вооружениот конфликт меѓу суданската војска и паравоените сили, се регистрирани случаи на колера. 40 починати за една недела, соопшти денеска организацијата „Лекари без граници“. Според нив, ова е најлошата епидемија на болеста во земјата во последните години.

„Само во регионот Дарфур, тимовите на ‘Лекари без граници’ лекуваа повеќе од 2.300 пациенти минатата недела и регистрираа 40 смртни случаи од колера“, наведуваат од организацијата.

Сериозната болест, која се пренесува преку контаминирана вода и храна, предизвикува дијареја и може да предизвика смрт за неколку часа ако не се лекува.

Од јули 2024 година, според Светската здравствена организација, во Судан се пријавени околу 100.000 случаи на колера. Болеста се проширила во сите федерални држави.

Војната, која одзеде десетици илјади животи и расели милиони луѓе, доведе до најлошата хуманитарна криза во светот, предупредуваат Обединетите нации.