-По 19 години на функцијата, не можам да кажам дека постигнавме добра позиција со САД. Тие треба да разберат дека Турција нема да отстапи од договорот за С-400“, вели Ердоган, осврнувајќи се на рускиот систем за противракетна одбрана, што доведе до конфликт меѓу Турција и САД.
Запрашан за односот на Турција кон неодамнешните настани во Авганистан, Ердоган го истакна „неуспехот и рамнодушноста на САД кон ситуацијата“.
Тој нагласи дека САД ја донеле својата одлука без да се консултираат со Турција и затоа не можат да очекуваат дека Турција ќе ја плати цената „за нивното неодговорно однесување“.
–Незамисливо е Турција да ги отвори вратите и да ги прифати (авганистанските мигранти). Нашата земја не е отворена територија. Не е лесно да се прифати такво нешто. Оваа акција има цена. САД не можат да ни кажат: ‘отворете ги вратите и пуштете го авганистанскиот народ да влезе во Турција’. Тука САД мора да ја платат цената. САД мора да преземат чекори во овој поглед”, додаде турскиот претседател.