По ерупцијата која се случи во 15:15 часот по локално време, се крена чад во националниот парк Кумбре Виеха на јужниот дел од островот.
Активирањето се случи набргу откако властите евакуираа околу 40 луѓе со слаба подвижност и животни од селските фарми во близина на вулканот.
На островот се распоредени и војници за да помогнат во евакуацијата, наведе Министерството за одбрана, бидејќи се очекува дека ќе биде потребна дополнителна евакуација на граѓани од околните градови.
Пред ерупцијата, регистрирани се серија земјотреси со интензитет од 3,8 степени во националниот парк, соопшти шпанскиот Национален географски институт.