По два месеци тешки преговори, Лондон и Брисел денеска објавија дека постигнале договор за 2022 година за вкупниот дозволен улов од рибниот фонд што го делат во Атлантскиот Океан и Северното Море.

Според Договорот за трговија и соработка во периодот по Брегзит, ЕУ и Велика Британија мора да преговараат за вкупниот дозволен улов од тие фондови на годишно ниво.

Преговорите и постигнатиот договор не се поврзани со британско-францускиот спор околу издавање лиценци на француските рибари за риболов во британски води.