Оваа мисија се распределува на барање на косовските власти.

Шеф на набљудувачката мисија ќе биде европратеникот Лукас Мандел.

– Европската Унија останува посветена и решена да го поддржи Косово на својот европски пат и во зајакнувањето на демократското управување. За трет пат ќе ги набљудуваме локалните избори преку ЕУ мониторинг мисија. Верувам дека присуството на Мисијата ќе придонесе за инклузивен, кредибилен и транспарентен изборен процес, како и дека ќе помогне за идните потребни реформски напори, се огласи шефот на ЕУ дипломатијата, Јосеп Борел.

Шефот на набљудувачката мисија, Мандел, додаде дека е уверен дека таа ќе претставува додадена вредност за изборниот процес во Косово.

Мисијата пристигна во Косово на 5 септември и е составена од десет експерти за избори. Дополнителни набљудувачи ќе пристигнат кон средината на овој месец, а ќе им се придружат и други набљудувачи на краток рок на денот на изборите. Мисијата ќе остане на терен се додека процесот на биде целосно завршен, што значи до средината на ноември доколку има втор круг.