Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од вечер на полноќ се намалува за 3,00 денари, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 денара по литар.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство 1 (ЕЛ-1) ќе биде 93,00 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС – 98 е 94,50 за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.