-Резултатите од оваа студија сугерираат дека вакцинацијата со вакцината ‘фајзер/бионтек’ не е поврзана со зголемен ризик од сериозни кардиоваскуларни проблеми кај луѓе на возраст од 75 години или постари, и по првата и по втората доза, заклучуваат авторите.

Истражувањето е спроведено од групата Epi-Phare која ги обединува Агенцијата за лекови (АНСМ) и здравствено осигурување (Кнам).

Во студијата земени се предвид сите случаи на хоспитализација пријавени во Франција поради инфаркт, мозочен удар и белодробна емболија помеѓу декември 2020 година и март 2021 година кај пациенти на возраст од 75 години или повеќе, вакцинирани и невакцинирани. Во истражувањето биле вклучени скоро 30.000 луѓе.