Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце времето на чекање за излез од државата околу 30 минути, додека на ГП Ќафасан за влез во државата е околу 15 минути. На останатите гранични премини, нема подолго задржување за влез и излез од државата.
Регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк Галичица е нормализиран за секаков сообраќај, информираат од АМСМ.