-Убава и традиционална средба со амбасадорите на земјите членки на Вишеградската четворка: Иштван Ласло Дукс, Мирослав Томан, Војчех Тичињски и Хенрик Маркуш. Разговаравме за соработката на Вишеградската група со Западен Балкан како и за предизвиците во рамки на процесот на проширување на ЕУ и идните чекори во периодот што следи, а што пак е особено значајно за да се задржи европскиот кредибилитет во регионот, напиша на фејсбук статусот министерот Османи.
Вишеградската четворка – Унгарија, Чешката Република, Полска и Словачка важи за силен поддржувач на процесот на проширување на ЕУ и се залага за што поскоро отворање на пристапните разговори на ЕУ со Македонија.