Евро-комесарка за проширување Марта Кос најави дека Македонија, Албанија и Црна Гора ќе добијат околу 200 милиони евра преку Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан.
Средствата се дел од поширокиот европски пакет за економски развој и реформи, со кој Брисел сака да го забрза приближувањето на регионот кон Европската Унија.
Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан предвидува вкупен пакет од шест милијарди евра за периодот 2024–2027 година, составен од грантови и поволни заеми. Средствата се условени со конкретни реформи во областа на владеењето на правото, економијата, дигитализацијата, енергетиката и регионалната соработка.
