ЕУ ја засилува меѓународната поддршка за Венецуела по разорните земјотреси, издвојувајќи пет милиони евра итна хуманитарна помош за погодените подрачја. Во земјата веќе пристигнуваат спасувачки тимови, медицински персонал и дополнителна опрема, додека потрагата по преживеани продолжува.
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, соопшти дека средствата ќе бидат наменети за помош на заедниците кои претрпеа најголеми штети од катастрофалните земјотреси.
Таа информираше дека разговарала со привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, при што ја изразила солидарноста на Европската Унија со венецуелскиот народ.
„Го активиравме Механизмот на ЕУ за цивилна заштита, а неколку земји членки веќе испратија тимови за потрага и спасување, пожарникари и медицински персонал“, објави Калас.
