Сертификатот ќе докаже дека имателот е вакциниран, се опоравил од вирусот или неодамна имал негативен тест.
Дебатата за ова прашање ќе се одржи утре, а гласањето е в среда. Европратениците ќе гласаат и за тоа дали ЕУ треба да побара од Светската трговска организација да се откаже од правата на интелектуална сопственост за вакцините против ковид-19, по дебатата што се одржа за време на мајската сесија.