Пресудата од 23 ноември е донесена во случајот на унгарскиот судија, кој е подложен на дисциплински мерки поради барање совет од ЕСЈ за потребните компетенции на преведувачите во предметите во кои странски државјани се обвинети за кривични дела, пренесува редакцијата Радио слободна Европа на англиски јазик.

Судијата барал насоки во случајот на шведскиот државјанин обвинет за кривично дело, кој не зборувал унгарски и чиј преведувач изгледа имал ограничени квалификации за таа задача, поради што се поставува прашањето дали обвинетиот ги разбирал обвинувањата против него.

Унгарија, во која владее партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан, се наоѓа во спор со ЕУ поради постојаните обиди да ја заузда независноста на судиите и нивното право да му проследуваат предмети на Европскиот суд.