Во Косово од 1 февруари еврото ќе биде единствената официјална валута за извршување на готовина и платежни трансакции, соопшти Централната банка на Косово. Ваквиот епилог наиде на остри критики од официјален Белград кој потсетува дека живеат 50.000 Срби кои ги користат српските динари.
Трансакции исклучиво преку евра од февруари во Косово
Според регулативата на Централната банка на Косово, увозот и извозот на евро банкноти и монети, но другите валути во Косово ќе се врши исклучиво преку оваа валута, а размената ќе се врши само преку институции кои имаат лиценца на Централната банка на Косово.
Остри реакции од официјален Белград
Одлуката еврото да се користи како единствена официјална валута на Косово предизвика остри реакции кај официјален Белград, бидејќи во северниот дел на Косово, каде живеат околу 50.000 Срби, а ги користат српски динари, кои во Косово пристигнале од Србија преку Српската национална Банка.
Вучиќ смета дека динарот треба да биде платежно средство
Српскиот претседател Александар Вучиќ останува на ставот дека укинувањето на динарот како платежно средство во Косово ќе го уништи дијалогот што земјата го води со Косово со поддршка на Европската унија, па затоа во Давос побара од специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу две земји, Мирослав Лајчак, да го запре прогонот на Србите од Косово, бидејќи со воведувањето на еврото може да се доведе во прашање исплатата на платите и пензиите.
Брнабиќ децидна против еврото
Српската премиерка Ана Брнабиќ исто така рече дека најавата на Приштина за прекин на платежните трансакции со Србија, како и забраната за користење на динари, е еден од клучните проблеми
„Доколку се стават под знак прашалник укинувањето на платежните трансакции, укинувањето на динарот, тогаш косовскиот премиер Албин Курти навистина се обложува дека повеќе нема да има дијалог“, рече Брнабиќ.
Брнабиќ додавва дека по ваквата одлука останува прашањето дали воопшто може да се има некаков дијалог со Косово.