Тие 10 милиони дози се дел од количината на вакцина нарачана за третиот и четвртиот квартал од оваа година, а станува збор за забрзана испорака, а не за дополнителни дози, велат надлежните.
Овој предлог на Комисијата треба да биде одобрен од земјите-членки во заедничкиот Управен комитет за набавка на вакцини.
„Знам колку е критичен вториот квартал за спроведување на нашата стратегија за вакцинација во земјите-членки на ЕУ. Ова е многу добра вест што ќе им даде простор на земјите-членки за маневар и можно пополнување на празнините во испораките“, рече претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен.