Фармацевтската компанија Фајзер потпиша договор со организацијата на Обединетите нации да им дозволи на други производители да го прават експерименталниот лек против КОВИД.

Договорот исклучува некои големи држави кои поминаа низ силни бранови на пандемијата.

Здравствените власти велат дека фактот што е постигнат договор пред да се одобри лекот на Фајзер некаде, може да помогне побрзо да се стави крај на пандемијата.

Еден од шефовите на Медицинс патент пул рече дека другите производители на лекови би можеле да почнат со производство на таблетите во следните неколку месеци, но додаде дека е свесен оти договорот нема да ги задоволи сите.

Според условите од договорот, Фајзер нема да добие надомест за патент за продажба во земји со низок БДП, а ќе се откаже од патентот за продажба во сите земји кои се дел од договорот.