СВР Охрид поднесе кривична пријава против 38-годишниот С.Д. од Охрид затоа што постои сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“.

С.Д. на 7 медицински рецепти извршил преправки и го фалсификувал поттписот од вработеното медицинско лице во здравствена установа.

Потоа, фалсификуваните документи, како вистински, ги приложил во една аптека во Охрид, успеал да ги доведе во заблуда вработените, од каде неовластено набавил ампули со течен диазепам.