Полициски службеници лишија од слобода дваесет и петгодишен скопјанец на Граничниот премин Табановце. Инцидентот се случил на 06.11.2026 година во 17:10 часот при редовна контрола на влез во државата.

Приведениот Е.А.(25) од Скопје управувал патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки. При граничната проверка, тој на увид на службените лица им приложил фалсификувана словенечка возачка дозвола.

По откривањето на фалсификуваниот документ, лицето било веднаш задржано и предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.