Рокенрол дивата Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст. Обожавателите на големо се збогуваат со неа, а трогателни и тажни сцени се забележани на Булеварот на славните во Холивуд, каде легендарната пејачка има своја ѕвезда.

фото: Танјуг/Ап

Тина Тарнер, родена како Ана Меј Булок, зад себе остави голем број хитови на кои со полно право може да се закачи епитетот „за сите времиња

Фото: Танјуг/Ап

Познатата пејачка имаше многу тежок животен пат пред славата, но и покрај огромните препреки постигна неверојатна кариера.

Таа отсекогаш била препознатлива по своите неверојатно енергични настапи и нејзината голема способност да ја воодушеви публиката на уникатен начин, како што дотогаш не успеала ниту една жена од музичката сцена.

Тина Тарнер беше една од најпопуларните рок пејачки, позната по настапите во живо и големите хитови како што се: „The Best“, „Proud Mary“, „Private Dancer“ i „What’s Love Got to do With It“.