Откриени се дрвокрдаци во карбинското село Кучица при заедничка акција на полициски службеници од СВР-Штип, шумската полиција и вработени во ЈП „Серта“-Штип. Акцијата се одвивала вчера во периодот од 08.00 до 18.30 часот.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштение наведува дека по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Штип во содејство со шумска полиција и Јавното претпријатие „Серта“ – Штип во дворните места на 35 годишниот С.И. и 24 годишниот Б.М. во село Кучица биле пронајдени и одземени огревни дрва без соодветна документација. Исто така, во атар на селото биле пронајдени и одземени бесправно исечени огревни дрва. Одземените дрва биле предадени на Шумска полиција и на Јавното претпријатие „Серта“ за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.