Американското Министерство за правда поднесе тужба кон крајот на 2020 година, тврдејќи дека социјалната мрежа намерно изградила систем за вработување што ги спречува квалификуваните Американци да дознаат за одредени работни места и да се натпреваруваат, на пример, со неприфаќање на онлајн кандидатури. Компанијата на Марк Закерберг всушност ги чувала тие работни места за вработени кои веќе работеле во неа со привремена виза и сакале да добијат зелена карта, велат од Министерството. На почетокот на годината, Министерството за труд отвори истрага за политиката за вработување на компанијата.
– Фејсбук не е над законот и мора да ги почитува граѓанските права што важат во нашата земја, изјави заменичката на главниот обвинител Кристен Кларк.
Во пораката објавена вчера, компанијата тврди дека ги почитувала прописите, но се согласила да плати отштета за да го прекине гонењето.