СДСМ ветуваа комплетна санација на колекторскиот систем во Охридско-Струшкиот регион, но граѓаните единствено добија двојно повисоки сметки за колектор, нов менаџмент на новото јавно претпријатие и нови непродуктивни вработувања, изјави на денешната прес-конференција Сашо Донев, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.
– Граѓаните во 2017-та година за еден метар кубен вода потрошен плаќаа надоместок за колектор во висина од 10 денари. СДСМ во 2018-та година тој надоместок го покачи за колектор на 16 денари. За сега со формирањето на новото јавно претпријатие да видиме дека истиот надоместок за колектор од 16 денари пораснал на 21 денар, во ова четиригодишно владеење на СДСМ во услови на тешка економска криза, стопанство на колена и зголемен процент на невработеност во Охрид, надоместокот за колекторот е пораснат двојно, односно 100%. Од 10 денари на 21 денар. Токму поради тие причини сметките на граѓаните се двојно зголемени. За иронијата да биде поголема вонредниот инспекциски надзор на Министерство за животна средина заклучи дека повторно колекторскиот систем на определени места не функционира, дека повторно од колекторскиот систем излеваат фекалии во Охридското Езеро, порача Донев.