Министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва во гостување во дневникот на ТВ Сител изјави дека никогаш не кажал дека британскиот сој на ковид-19 е со полесна форма.
Тоа што очигледно ја смени сликата, вели Филипче, не само кај нас, насекаде во Европа, и во тие некои земји што имаа порестриктивни мерки од нашите, се британскиот сој на вирусот и очигледното попуштање на вниманието на луѓето и непочитување на мерките.
На прашањето на новинарот дали го потценивме британскиот сој на висурот, дека е позаразен, но не носи поголеми проблеми, министерот Филипче рече:
-Не. Ние имаме систем на добро дизајнирани и балансирани мерки. Што значи тоа. Имаме рестрикција во движењето со кое ограничуваме средби и комуникација на млади луѓе. Оние кои што се собираа и после работењето на угостителските објекти. И на тој начин овие балансирани мерки кои се точно таргетирани кон луѓето кои се трансмитери, а тоа се младите луѓе, комбинирано со индивидуалнта одговорност даде резултат. Значи ние немаме експоненцијален раст на бројот на случаи, рече Филипче.
За потсетување, кога Велика Британија се затвораше поради појавата на новиот сој на ковид вирусот министерот Филипче даваше „благи коментари“ во однос на британскиот сој. Филипче на 27-ми јануари во врска со детектираниот британски сој на вирусот во нашата земја, истакна дека нема простор за паника, британскиот сој е со полесна форма на болеста, но побрзо се шири.
-Точно е дека оваа мутација на вирусот има побрза трансмисија за 70% проценти, според публикациите во Велика Британија. Исто така, тоа што е познато од литературата е дека типот, формата на болеста е полесна од она што беше претходно, изјави Филипче во месец јануари.
На изјавата на министерот Филипче, реагираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски. Тој на неговиот фејсбук профил го обвини министерот Филипче дека ги лаже пациентите.
Венко ги лаже пациентите❗
📌 Министерот за здравство вечерва на ТВ Сител без око да му трепне рече дека никогаш не кажал…Posted by Antonio Miloshoski on Saturday, March 27, 2021