Филипче информираше:

-Добро се одвива теренската вакцининација, некаде 20.000 лица се вакцинирани со теренска вакцинација од почетокот до сега, просечната бројка на вакцини со 1 доза изминатиот период на ден изнесува помеѓу 3 и 5 илјади, некаде околу 30.000 изминатите 2 недели. Во таа смисла, продолжуваме во август согласно кадарот којшто е во здравствените домови да се вакцинира само во вакциналните пунктови во рамките на здравствените домови, останува да функционира салата во Тетово и Струмица, целокупниот друг процес ќе се одвива во здравствените домови и теренска вакцинација

Во однос на заболените, Филипче кажа дека има 92 заболени пациенти од вкупно 330.000 кои што се ревакцинирани, што значи дека процентот на заболени лица, кои се ревакцинирани е навистина многу мал, некаде околу 0,02%.

Филипче најави и силно интензивирање на кампањата по 14 август, во соработка на Министерството и Владата со Делегацијата на ЕУ и УНИЦЕФ, со цел да се подигне опфатот на вакцининација.

-Засега не планираме да воведеме никакви рестриктивни мерки ни на границите ни тука во рамките на организација на настани, масовно присуство итн., истакна министерот за здравство, но рече дека се размислува дали е потребно нешто да се направи во есенските месеци, почнувајќи од средината на септември, или почетокот на октомври.

Филипче изјави:

-Ги следиме искуствата од другите земји, секаде во светот има една дебата што и како да се прави. Размислувањата одат кон тоа дали треба да се прави некаква рестрикција во однос на граѓаните кои не се вакцинирани. Зошто да ги загрозуваат сите тие кои што имаат можност да се вакцинираат а не го прават тоа од било какви причини…Ако процениме дека ризикот од невакцинираните кон генерално популацијата вклучувајќи ги и вакцинираните е доволно голем, ќе воведеме рестриктивни мерки“, изјави министерот за здравство Филипче.