-За првпат после 70 години Здравствениот дом во Битола, д-р Хаим Абраванел доби нов изглед. Во проектот комплетно се обновени внатрешните простории, ходниците, работните простории, педијатриската служба, вакциналните пунктови, превентивната служба, превентивната стоматологија и делот кадешто се чуваат вакцините од редовниот календар. Дополнително, Здравствениот дом ќе добие ново амбулантно возило и целосна замена на кров. Честитки до директорката д-р Весна Спиркоска и целокупниот медицински персонал кој изминатиов период успешно се справуваше со менаџирање на ковид кризата во овој регион и успешно го спроведува процесот на имунизација, напиша министерот Филипче на социјалната мрежа Facebook.
Филипче се пофали дека после цели 70 години Здравствениот дом во Битола добил нов изглед
Ф
Министерот за здравство Венко Филипче, преку објава на социјалната мрежа facebook соопшти дека после 70 години, здравствениот дом во Битола „Д-р Хаим Абранавел“ добил нов изглед.
