Паника и обвинувања кон Филипче и СДС
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека единствено Венко Филипче и СДС се исплашени заради корупцијата и криминалот на структурите блиски до СДС. Од партијата порачаа дека Филипче не треба да шири паника и страв, ниту да ја префрла вината кај граѓаните.
„Граѓаните треба да бидат спокојни, правда мора да има, а институциите на системот да профункционираат,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека завршило времето на политички нарачани пресуди од судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица. Нема скандал, криминал и корупција во кој да се вмешани имињата на Заев и Филипче.
Скандалите со марихуаната и Артан Груби
ВМРО-ДПМНЕ истакна дека СДС со денови „растура пердуви“ во јавноста околу запленетата марихуана и случајот со Артан Груби, и сами се заплеткаа во сопствените лаги.
„Зошто СДС се во паника и хистерија, имаат ли страв од исказот на Груби? Затоа ли вртеа по телефони интересирајќи се за исказот на Груби? Кого може Груби да повлече со него, дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал – Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ и други?“
Од партијата посочуваат дека Филипче се обидел да ја скрие блискоста на структурите на СДС и кланот Заеви со сопственикот на запленета марихуана.
„Венко Филипче лажеше дека не ги познава лицата. Дури на телевизиско интервју кажа дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на фирмата ‘ЦБД Медплант’ и поранешен функционер на СДС, Тони Котев, но фотографиите од нив двајца кои излегоа во јавноста тоа го демаскираа. Венко Филипче во друштво на сопственикот на илегалната дрога. Венко Филипче и Тони Котев покрај себе,“ велат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ истакна дека владеење на правото и правдата мора да има и дека секој кој го прекршил законот ќе одговара.
