Полицијата уапси 51-годишен жител на тетовското село Раковец, осомничен дека физички ја нападнал жената со која живеел во заеднички стан во Тетово. Таа е државјанка на Филипини и во нападот се здобила со телесна повреда.

Според информациите од полицијата, полициски службеници од СВР Тетово вчера во 23:45 часот го лишиле од слобода Ш.А. (51).

Претходно, Р.А. (46) од Филипини, со привремен престој во Крушево, пријавила дека на 1 септември, по кратка расправија, Ш.А. физички ја нападнал во нивниот заеднички стан во Тетово и ѝ нанел телесна повреда.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.