Светската фудбалска федерација ФИФА официјално соопшти дека финалето на годинешниот Интерконтинентален куп ќе се одигра на 16 декември во Доха. Натпреварот за престижниот трофеј ќе се одржи на стадионот „Ахмад бин Али”.
Актуелниот европски шампион, екипата на ПСЖ, директно обезбеди учество во големото финале каде што ќе ги одмери силите со најдобриот тим од таканаречениот „Челинџер куп“.
Распоредот предвидува на 9 декември мексиканска Толука да се соочи со јужноамериканскиот првак, кој ќе биде одреден по „дербито на Америка“ меѓу аргентински Естудијантес и бразилски Палмеираш.
Победникот од таа пресметка ќе продолжи во наредната фаза и на 12 декември ќе игра против африканскиот претставник Мамелоди Сандаунс во рамките на „Челенџер купот“. Тимот што ќе триумфира на тој дуел ќе го пополни последното слободно место и ќе излезе на мегдан против парижаните во финалниот натпревар.
