Менг, кој беше во домашен притвор во Ванкувер од крајот на 2018 година, се качи во авион за Кина.
Судската одлука за нејзино ослободување беше донесена врз основа на договор со САД, кои претходно побараа нејзина екстрадиција поради финансиска измама.
Ќерката на основачот на компанијата Хуавеи беше уапсена на аеродромот во Ванкувер на 1 декември 2018 година, на барање на САД. Американските власти тогаш тврдеа дека Менг ја криела врската помеѓу Хуавеи и Скајком во обид да продаде опрема на Иран, и покрај санкциите што Вашингтон ги воведе кон Техеран.
Доколку договорот меѓу американските правосудни органи и кинеската одбрана не се оспори или прекине до 1 декември 2022 година, точно три години по нејзиното апсење, тужбата против Менг Ванџу ќе биде отфрлена засекогаш, соопштија американските власти.
Со прифаќањето на овие услови од договорот, ќе завршат тригодишните судски спорови и тензии меѓу Пекинг, Вашингтон и Отава. Случајот предизвика меѓународен спор и ги заостри односите на Кина со САД и Канада.