Според медиумските наводи, за време на втората вечер од фестивалот Ла Мерсе, локалните власти пријавиле 20 случаи на притвор, 13 вооружени напади и два запалени автомобила на Цивилната гарда. Полицијата дури рано утрово успеала да го растера насобраниот народ.

Агенцијата ЕФЕ, исто така, соопшти за тепачки и судири меѓу групи млади луѓе и полиција на плоштадите низ Шпанија.

Фестивалот Ла Мерсе традиционално се одржува во Барселона кон крајот на септември и трае неколку дена. Тој се одбележува со масовни прослави, улични прошетки и „живи кули“ од луѓе.