Малолетна девојка била физички нападната на подрачјето на Бит Пазар во Скопје од страна на неколку малолетнички. Целиот настан бил сниман со мобилен телефон, по што видеото било споделено на социјалните мрежи.
Случајот бил пријавен вчера во полиција од страна на нејзината мајка, четириесет и петгодишната Н.С. од скопското село Пагаруша.
Според пријавеното во СВР Скопје, инцидентот се случил истиот ден околу 13:30 часот, кога група малолетнички физички ја нападнале нејзината ќерка. Додека траел нападот, малолетник го снимал чинот со мобилен телефон, а снимката подоцна завршила објавена на интернет.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициски службеници преземаат мерки за расчистување на случајот и документирање на настанот.
