Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен упати честитки до новоизбраниот премиер Димитар Ковачевски.

Таа на Твитер напиша дека со нетрпение очекува да работи со новоизбраната Влада, како што наведува, за да ги поттикнеме реформите поврзани со ЕУ.

-Честитки до премиерот Ковачевски! Со нетрпение очекувам да работам со вашата Влада за да ги поттикнеме реформите поврзани со ЕУ. Ја поздравувам вашата клучна заложба за добрососедски односи, напиша Фон дер Лајен.