Планот на основачите е Супер лигата да брои дваесет екипи. Петнаесет од нив да бидат стандардни учесници додека пет екипи да се квалификуваат од националните првенства. Учесниците во Супер лигата ќе играат во домашните шампионати.
Што се однесува до системот на натпреварување. Дваесетте екипи ќе бидат поделени во две групи по десет екипи. Ќе се игра систем дома-гости. Најдобрите три првопласирани екипи од двете групи ќе играат во 1/4 финалето, а осумте ќе се комплетираат со мајсторка помеѓу четврто и петто пласираниот од двете групи. Она што е најважно од формирањето на Супер лигата е финансискиот бенефит, односно секој учесник би добил по 350 милиони евра по сезона, што е двојно повисока сума од бонусот кој добива победникот во Лигата на Шампиони.
Претседател на Супер лигата ќе биде Флорентино Перез, првиот човек на Реал Мадрид. Потпреседатели предводникот на Јувентус, Андреа Ањели и предводникот на Манчестер Јунајтед, Џоел Глејзер.
УЕФА и ФИФА експресно и остро реагираа за одлуката да се формира Супер лигата која ќе биде пандан на Лигата на Шампиони. Од УЕФА велат дека проектот е циничен. Од ФИФА, пак, најавија суспензии во националните селекции, ако фудбалерите се одлучат да играат во Супер лигата и ги прескокнат мечевите во квалификациите или било кои репрезентативни обврски.