Во текот на вчерашната ноќ и утринава, ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува засилени активности за расчистување по обилните дождови што вчера го зафатија градот.

ЈП Комунална хигиена – Скопје
ЈП Комунална хигиена – Скопје

-Во координација со Градот Скопје, екипите на претпријатието реализираат активности за расчистување на јавните и на сообраќајните површини, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот. Се реализираат рачно и машинско метење и миење, а екипите на Претпријатието се ангажирани и за повторно поставување на садовите за одлагање на отпадот што беа изместени во текот на невремето, информираат од ЈП Комунална хигиена.

ЈП Комунална хигиена – Скопје
ЈП Комунална хигиена – Скопје

Активностите ќе продолжат во текот на целиот ден, во насока на целосно санирање на последиците од невремето.