Илјадници граѓани, меѓу кои и јавни личности, новинари, професори и претставници на здруженија вечерва ја повикаа Владата да не го потпишува францускиот предлог со порака „Од Македонија нема да откажеме никогаш и под никакви услови“.
Денеска протестот го одбележа емотивна фотографија на жена која плаче пред кордонот на полицијата.
Претходно и Дарија Андоновска, познатата композиторка и пијанистка, го бакна полицискиот штит и им испрати порака на полицајците.