Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, оствари средба со заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи и иселеништво на Хашемитското Кралство Јордан, Ајман ал-Сафади.
„На средбата беше потпишан Меморандум за разбирање за одржување политички консултации меѓу двете министерства, со што се создава дополнителна институционална рамка за продлабочување на политичкиот дијалог и редовната комуникација меѓу двете земји“, соопштија од Министерството.
Воедно, станало збор за меѓусебната поддршка и координација во рамки на мултилатералните организации, како значаен сегмент од соработката меѓу двете земји.
Биле разменети мислења и за актуелните регионални и глобални случувања, при што било нагласено значењето на дипломатијата, редовната комуникација и соработката во справувањето со заедничките предизвици.
