Естрадата со последно збогум за Панчо од ДНК
Безмалку седум месеци по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска почина Владимир Блажев – Панчо, член на популарното дуо ДНК. Панчо им подлегна на тешките повреди здобиени во несреќата која однесе 63 човечки животи.
Според неофицијални информации, последните недели неговата состојба се влошувала поради тешка бактериска инфекција. И покрај максималните напори на лекарите и медицинскиот персонал, тие не успеале да му го спасат животот, пренесува Вистина.мк.
Голема тага и шок во јавноста
Веста за смртта на Панчо предизвика длабока тага и неверување меѓу неговите пријатели, соработници и бројни јавни личности од Македонија и регионот. На социјалните мрежи се редат емотивни објави во кои колеги и фанови му оддаваат последна почит, потсетувајќи на неговата човечност, добрина и позитивен дух.
Панчо – човек со големо срце
Покрај тагата, во сите пораки се истакнува личноста на Панчо – човек со искрено големо срце, секогаш подготвен да помогне и да внесе позитивна енергија каде и да се појави. Неговата смрт остави празнина не само на македонската музичка сцена, туку и во срцата на многумина кои го познаваа лично.
Пренесуваме дел од нив. Погледнете повеќе од фотографиите во продолжение.
Извор: Курир