Медицински тимови од Здравствениот дом во Пробиштип рано утрово започнаа вакцинација во село Турско Рудари. Здравствениот дом во Валандово теренската вакцинација ја почна од село Чалакли. Заинтересираноста на жителите е голема, а процесот на вакцинација се одвива одлично, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
Тој апелира граѓаните во што поголем број да се вакцинираат, вакцините се безбедни и ефикасни и единствен начин да се победи пандемијата.
-Процесот на теренска вакцинација ќе се одвива на територија на цела држава, медицински екипи ќе го посетат секое село, рурално населено место, населба, напиша Филипче.