Фотографијата е направена на улица „Благој Давков“ во Дебар Маало, поточно помеѓу Рамстор и Кам Маркет, а во непосредна близина се наоѓа и кафулето Кино Карпош, пишува порталот Скопјеинфо.
Вакви случаи за присуство на глодари неодамна беа пријавувани и во населбата Капиштец каде од нивната појава граѓаните беа згрозени и загрижени за своето здравје и здравјето на своите деца.
Додека жителите на Капиштец и Дебар Маало се борат со глувци и стаорци нивните соседи од Градски Ѕид мака мачат со инвазија на бубашваби и лебарки кои со години наназад шетаат по нивните подруми, влезови и домови.