Наскоро во населбата Бутел на местото познато како „Ливада” поточно крајот на улица Марко Крале ќе никне нов спортско рекреативен центар.

Ова го соопшти градиначалникот на Бутел Дарко Костовски кој сподели фотографии како ќе изгледа локацијата во оваа скопска општина.

-На ова место се предвидува да има:
Ново фудбалско игралиште со вештачка трева
Ново баскет игралиште со сертифицирана FIBA подлога.
Ново детско игралиште со модерни содржини, покрај спортските игралишта предвидено е да има ново урбано уредување со клупи и летниковец.
Ново лед осветлување.
Ќе биде поставено и ново зеленило и целиот простор ќе биде холтикултурно уреден.
Исто така ќе започне и со пробивање и изградба на новата улица од улица “Марко Крале” кон улица “Зуфер Мусиќ”
Проектот е во завршна фаза, а за неколку недели ќе се започне со изведба.
До крајот на мојот мандат секое населено кесто ќе добие свое катче за рекреација и спортување.
Општина Бутел се менува, вели Костовски.