Како Дарко Каевски со само триесетина години се стекнал со чисти 65 илјади евра? Ако се земе предвид дека Каевски зема плата од околу 1.000 евра, ќе дојдеме до заклучок дека му биле потребни 5 ипол години без да троши ниту еден денар за да ги заштеди тие пари.

Ова можеби некако ќе го поверувавме, да не беше уште еден податок од имотниот лист на Каевски, а тоа е стан во Скопје, купен во 2020 година, од 62м2, за кој не навел колку пари чини. Ако се земе предвид дека квадрат станбен простор е над 1000 евра, се доаѓа до бројка од над 60 тина илјади евра, пари за кои нема логичен одговор како ги стекнал младиот Каевски.

Ова води до објаснувањето дека Каевски требало да работи 10 години за плата од 1.000 евра, без да троши денар од неа на јадење, домување или друг вид на трошок. Каевски има само 30 тина години, а друг вид на примање од кое би го стекнал овој голем имот не пријавил во својот анкетен лист.

Покрај огромниот имот на Каевски, огромен имот е пријавен и на име на неговите родители, а тоа се деловен простор во Скопје, два стана, градежно земјиште во Волково, нива во Петровец, над 25.000 евра депозити во банки, и друг броен имот.

Фирмата на таткото на Дарко Каевски, Гео Каевски, од државни институции наплатила 19.394.084 денари од тендери, кои ги земала од 2018 година до денес, тоа се над 315.000 евра. И сето ова се случува додека Каевски е директор во централната власт и пратеник во Собранието.

Каевски, но и институциите треба да одговорат како Каевски стекнал имот за кој нема покритие во примања, но и како фирмата на неговиот татко од државата додека тој е функционер наплатила 315.000 евра?

Случајот Каевски мора детално да се испита.

Токму овој Каевски шири лаги и невистини за кандидатот за градоначалник на Сопиште од ВМРО-ДПМНЕ Стефче Трпковски.

СДСМ знае дека губи во Сопиште како и насекаде во Македонија и затоа со компромитирани кадри тешки милиони шири лаги за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Сопиште по наредба на Сања Лукаревска беше испратен и Арафат Муареми, а се врши притисок со лаги и манипулации во медиумите.

СДСМ во Сопиште ќе изгуби, а од пораз не ги спасува ниту младиот милионер Каевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Погледнете ги и јавните набавки поврзани токму со Каевски: