Вчеравечер, екипата на Радио Лидер ексклузивно објави кое е лицето што го придружува Палчо. Како што кажавме, стануа збор за Стефан Димковски, лице кое досега не било познато за македонската јавност, а бил активен во политичката партија на првоосомничениот во случајот со исчезнатата, па убиена Вања.
46 годишниот скопјанец Стефан Димковски е човекот кој го трнспортирал убиецот Љупчо Палевски од Србија, преку Бугарија во Турција. Станува збор за бизнисмен и фамилијарен човек кој живее во Струмица каде има голема компанија за увоз на земјоделски репроматеријали.
Пред само три дена, во неделата наутро во 10:45 Димковски на неговиот фејсбук профил, објавил фотографија од возење на која се гледа мост, веројатно во Турција. Евидентно е дека фотографијата е сликана од совозачкото седиште, на кое се претспоставува дека седел токму Палевски. Она што изненадува дека по прегледот на неговиот фејсбук профил, очигледно е дека тој не објавува често на социјалните мрежи, но во неделата ја објавил оваа фотографија.
Оттука се отвора прашањето: Каква порака сакал да прати Палчо со оваа фотографија?
Анализирајќи ја целата ситуација, евиденентно е дека убиецот сакал да испрати некому некаква порака. Во продолжение може да ја видите фотографијата, а пораката веројатно ќе се докаже во текот на истрагата.
Откако Радио Лидер ја објави оваа фотографија почнаа и многуте коментари кои може да ги погледнете. Истите се претежно навредливи кои алудираат на тоа дека и Димковски заедно со убијците ќе биде во затвор.