Лиде Лиде и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, конечно, пиеја кафе. Тие се сретнаа на Клиниката за неврохирургија, каде што Лиде ја носела мајка си на преглед.

Лиде Лиде на социјалните мрежи објави фотографија со поранешниот министер под која напиша:

-Кафе пауза… и за вас што ми се смеевте.

Таа во изјава за Репортер рече дека набрзо ќе пијат кафе и во кафуле.

-Додека чекавме да ја прегледа мајка ми, го прашав кога ќе го пиеме кафето што го вети јавно. Ми рече дека веднаш ќе ми направи кафе, ме праша какво го пијам и на крајот ми подготви макијато. Ја викна и медицинската сестра да нè фотографира, а потоа ја прегледуваше мајка ми. На крајот, ми рече дека набргу ќе пиеме кафе и во кафуле, но повеќето муабети беа за здравјето на мајка ми и за понатамошните чекори во нејзиното лекување, раскажа Лиде за „Репортер“.