Свињата прва ја забележала делчевката Розета Сугарева која случајот го пријавила во полиција, од каде поради ненадлежност за случајот добила насока да се обрати до шинтерска служба или Ловно друштво.

Случката ја потврдија и родители кои со своите деца го посетија Детскиот парк во Ново Делчево.

-Само што стасавме и се паркиравме прасето беше овде кај лулашките. Кога ги виде децата избега некој од присутните рече најверојатно кон реката. Имаше од 40-50 килограми, не правеше проблеми изгледаше повеќе уплашено, истакна родител на едно од децата кои си играа во паркот.
Ваквата појава според родителот е невообичаена, бидејки порано немало вакви случаи во градот да се шетаат диви свињи.

Постарите жители кои ги затекнавме во паркот се осврнаа и на неодамнешниот случај за присуството на мечка која била забележана во атарот на неколку села.

-Тоа со мечката е така, бидејки тие диви животни се движат онаму каде нема луѓе, а бидејки во повеќето наши села веќе нема жители, се случува да се симнат од повисоките места и да уништат пчеларници како што тоа беше случај во селото Киселица и на неколку други места, истакна Драган Димитровски од Делчево.

Велат дека ваквите појави и понатаму ќе бидат забележливи во селските средини особено во селата каде повеќе не живеат луѓе.