Поранешниот македонски репрезентативец и актуелен голман на Вардар, Борко Ристовски доби суспензија од четири години од страна на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) поради навреди кон претседателот Даниел Димевски.

Дисциплинската комисија при МОК жестоко го казни Борко Ристовски, во наредните четири години тој не може да ја врши дејноста спорт. Причината е навреди кон првиот човек на МОК, Даниел Димовски.

Се работи за гостување на телевизија како претставник на политичка партија. Настанот се случил во март, а бил пријавен од страна на Димевски дека „ширел невистини, лаги, клевети и неточни информации“.

Поради нарушување на имиџот, но и прекршување на статутот и правилниците на МОК ја доби големата казна.

Ристовски има осум дена право на жалба. Отежителна околност е тоа што голманот не се извинил.

s

2