Голманот на РК Вардар и поранешен репрезентативец на Македонија, Борко Ристовски се огласи на Инстаграм по повод суспензијата од четири години која му ја изрече МОК, поради како што велат од таму изнесени лаги и клевети во телевизиска емисија и тоа како член на партија, пренесува СпортМ.

Ристовски напиша:

Во северна вукојебина, се е можно! Ама не со мене! Допрва ќе плачете криминалци!

Ова доаѓа откако МОК одлучи да го суспендира на четири години од олимписки спортови поради неговите ставови изнесени во емисија на ТВ Алфа.