Во текот на вчерашниот ден со највисоки воени и државни почести се одвиваше инаугурацијата на Силјановска Давкова како нов претседател на Македонија. На церемонија на примопредавањето на претседателската функција, претседателката Силјановска Давкова беше пречекана од својот претходник.
Го испрати својот претходник и се всели во вилата на Водно. Гордана Силјановска-Давкова е шестата македонска претседателка. За прв во историјата на нашата независност, по петмината мажи, државата ќе ја води жена, која ќе биде и врховен командант на вооружените сили.
Секако, клучен момент за многумина беше тоа што Силјановска Давкова не употреби Северна Македонија.
Еве што коментираат граѓаните
За неа со бројни пофалби се јавија македонските граѓани. Велат дека државата повторно е горда и достоинствена.
Ги замолувам сите одродени што ронат крокодилски солзи поради ‘навредувањето’ на Грција и Северна, со изрекувањето на терминот “Македонија” од страна на претседателката Гордана С.Д. да си ја извадат главата од сопствениот задник и да си ја подисправат барем малку свитканата кичма
— Далибор 👌🇲🇰 (@Pobeda2024) May 12, 2024
Заев и екипа нека си ја викаат Северна.
Амбасадорката на Грција нека го прочита Преспанскиот договор.
Ќе ве примат во Грчка, без грижи, пасошите ви се северни.
Ух што сакам жени што пркосат. 👏🏻💪🏻
Покрај драга професорка, Гордана е на добар пат да ми стане омилена претседателка.💜— Кирјана (@svoja_na_svoeto) May 12, 2024
Комуњарски солзи нека течат, нека течат нека печат 🤭 pic.twitter.com/aBGqUisKSm
— Дрндало (@drndaloto) May 12, 2024
Гордана кралица! 👑👌🇲🇰☀️ pic.twitter.com/eYkYLIxGWY
— Далибор 👌🇲🇰 (@Pobeda2024) May 12, 2024
Гордана e Магистер на правни науки на Правен факултет „Јустинијан Први“ и доктор на правни науки на Универзитет во Љубљана ама Цобе на твитер знае повеќе за Уставно Право, Право на ЕУ, МЈП, МПП и s e st r a Ti .
— 💥Султана 💥 (@revolframforall) May 12, 2024
Достојна и горда МАКЕДОНИЈА!
Историски момент, честитки од срце!#НикогашСевернаСамоМакедонија pic.twitter.com/LXvqAVxHNg
— Боби (@BatmanSaysT) May 12, 2024
И покрај притисоците, Силјановска Давкова остана принципиелна
И покрај тоа што Силјановска Давкова имаше силен притисок да употреби „Северна“ таа издржа зад притисоците и постапи онака како што сака македонскиот народ, оној кој со големо мнозинство ја изгласа за оваа функција.
Со највисоки воени и државни почести, на церемонија на примопредавањето на претседателската функција, претседателката Сиљановска беше пречекана од својот претходник Пендаровски кој оваа функција ја извршуваше во изминатите пет години.
Заеднички зачекорија по црвената патека каде довчерашните ривали си подадоа рака и одржаа заедничка тет-а-тет средба.
Новоизбраната претседателка стави потпис на свечената изјава и вети дека ќе биде претседател на сите граѓани и дека ќе ја врати гордоста на Македонија, слоганот со кој ја бараше и ја доби довербата на претседателските избори.